Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

Светиот Архиерејски Собор на Српската Православна Црква, кој се одржа од 29 Април до 10 Мај 2018 г., а на кој учествуваат и Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован со Епископите на автономната Православна Охридска Архиепископија, излезе со соопштение, во кое, меѓу другото, се вели:

Соборот одлучи, во текот на оваа година, молитвено и достоинствено да ја одбележи илјадагодишнината од основањето на Охридската Архиепископија.

Соборот, исто така, ја поздравува правосилната одлука на Големиот совет на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, со која се констатира дека властите на Република Македонија, со одбивањето да ја регистрираат канонската Охридска Архиепископија, ја прекршиле меѓународната конвенција за човекови права и слободи на верата и совеста.

Соборот ги окарактеризира како бесмислени иницијативите на Бугарската Патријаршија неповикано и неканонски да се вмеша во прашањето на решавањето на статусот на расколничката „Македонска Православна Црква“.