Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

РЕПУБЛИКА ГРЦИЈА
СВЕТ АРХИЕРЕЈСКИ СИНОД
НА ЦРКВАТА НА ГРЦИЈА
Јован Генадиј 14 (115 21)

Атина, 23 јануари 2004

Број на протокол 133

Преблажен Архиепископе Пеќки, Митрополиту Белградски и Карловачки и Патријарху Српски, во Христа Бога силно возљубен и премил брате и сослужителу со нашата Смерност, господине Павле, Вашето блаженство во Господа целивајќи го, со најголемо задоволство Ви се обраќаме.

Го примивме и со должно внимание го прочитавме Чесното Писмо (број. прот. 6) од 15 Јануари, на превозљубеното од нас и многучесно Ваше Блаженство, во коешто Вие со болка во душата ни го пренесувате нам возгласот на скрб и страдање од канонските ближни на од Вашиот Патријархат на Србија востановената Автономна Света Охридска Архиепископија, поради жестокиот прогон превземен од органите на БЈРМ против гореспоменатата Света Архиепископија кој кулминираше со заточувањето на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Велески г. Јован.

Постојaниот наш Свет Синод на Пресветата Павлова Апостолска Црква на Грција, откако беше информиран со вознемиреност и болка, која, така да се рече, ја повредува современата европска хуманистичка чувствителност, на Светата Седница од месецов јануари, реши да даде Одговор, кој не ќе ни ја изрази само огорченоста, туку ќе претставува и Негов протест околу таквата недопустлива акција против достоинството на свештенослужителите на Православната Црква.

Настанот со апсењето и затворањето од страна на Државните Власти на БЈРМ на претходноспоменатите лица претставува јасно кршење на човековите права, како и на правото на слободно изразување на верската совест, и се противи на сите правни норми.

Црквата на Грција, како што Ви е познато, испраќајќи низа соопштенија, остро протестираше до Владата на БЈРМ, а го информираше и Советот на Европските Цркви, COMECE, Ватикан, Претседавачот со Европската Унија, Претседателот на Европскиот Совет и О.Н.Е, па љубезно побара Владата сама да ги превземе неопходните мерки за неодложно ослободување на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Велески г. Јован и на останатите уапсени, што ќе придонесе многу во разрешувањето на предизвиканата криза.

Известувајќи Ве за ова, го целиваме Вашето превозљубено Блаженство со свет целив и Ве прегрнуваме, та сега со љубов Христова завршуваме.

Возљубен во Христа Брат,
+Христодул Атински