Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

10.07.2018

На 09 Јули, оваа година, на граничниот премин Меџитлија кај Битола, без никакво образложение, од страна на Министерството за внатрешни работи одземена му е патната исправа на Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован.

Таква дискриминација со одземање на патни исправи без никакво образложение, својствено е за правно неуредени држави, држави во кои нема никакво владеење на правото.

Дали е ова ќеф на владината врхушка, која само декларативно пред претставниците на Европската Унија се залага за владеење на правото, набрзо ќе се дознае, секако доколку јавноста се заинтересира зошто е направено такво беззаконие, какво што денес му се прави на Архиепископот охридски Јован, а утре на било кој друг.

Инаку, Православната Охридска Архиепископија го подготвува големиот настан на прослава на 1000-годишната од основањето на Охридската Архиепископија. Владата, од една страна декларативно вели дека подава рака кон секого, но во стварноста ги прекршува верските слободи и очигледно со ваквата дискриминација има намера да влијае врз организацијата на споменатата прослава.

Со верскиот прогон, Владата го крши и Уставот и меѓународните конвенции, кои ги има потпишано, со што ја продолжува праксата на претходната Влада, за што, од Европскиот суд за човекови права во Стразбур неодамна ѝ беше наложено да ѝ плати оштета на Православната Охридска Архиепископија