Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

02.02.2015

            На 02 Февруари 2015 год., од затворот Идризово, кај Скопје, беше ослободен Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, после условниот отпуст што му го даде Апелациониот суд од Скопје. Во периодот од неговото ослободување од затворот до 23 Март 2017 год., Архиепископот Јован е условен да не изврши ново кривично дело од ист карактер.

            Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован се заблагодарува не сите што на било кој начин придонеле за неговото предвремено ослободување од затворот.

Воедно, ја известуваме јавноста дека Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован нема да дава изјави за јавноста заради влошената здравствена состојба.

 

02. 02. 2015 год.  

 

Од Канцеларијата на Архиепископот охридски и Митрополит скопски