Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

Архиепископ Охридски и Митрополит Скопски

Протокол бр. 55 од 28/15 април 2006

Врз основ востановеното од древност право на Архиепископот на една помесна Црква да основа ставропигијални манастири кои се под директна негова јурисдикција, во кои тој ја поставува и разрешува манастирската управа и ракополага свештенослужители за да совршуваат свети тајни во манастирот и неговите метоси, а истото при тоа да не е во спротивност на 31-то апостолско правило, ја издаваме оваа архиепископска

со која го даваме нашиот Архиепископски благослов за основање на ставропигијален манастир Свети Јован Златоуст во с.Нижеполе – Битола. Крстот кој ќе биде забоден на местото каде ќе се гради манастирот нека биде за сите сведоштво на оваа наша одлука, нас како Архиепископ да нè потсетува дека имаме духовна одговорност пред Бога во Троица за истиот, а оние кои во него ќе живеат, како и оние кои ќе го посетуваат, да ги потсетува молитвено да се сеќаваат на нас.

Со Божји благослов,

На денот кога се слави празникот

Животоприемен извор

АРХИЕПИСКОП И МИТРОПОЛИТ
+ Охридски и скопски Јован

Да се достави до: