Б И О Г Р А Ф И Ј А
НА ЕПИСКОПОТ ПОЛOШКО-КУМАНОВСКИ И МЕСТОБЉУСТИТЕЛ ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКИ
Г. ЈОАКИМ (ЈОВЧЕСКИ)
Роден е на 7-ми ноември 1949г. во с. Луково кај Струга. завршил средно Градежно-техничко училиште. Студирал на Градежниот факултет во Скопје, од каде преминал на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски” и дипломирал во март 1992г.
Во Цетинскиот манастир, на споменот на св. Ефрем Сирин, 9-ти фебруари 1996г. примил монашки потстриг од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот црногорско-приморски г. Амфилохиј, и истата година е удостоен со јероѓаконски чин. Јеромонашкиот чин го прима на празникот св. Лука и св. Петар Цетински, на 31 октомври 1996г.
По благослов на епархискиот архијереј, од летото господово 2001, ја врши должноста настојател на манастирот Обод во Ријека Црневиќа.
Со одлука на Светиот Архијерејски Синод, од 7-ми фебруари 1997г. поставен е за наставник во Богословијата „Св. Петар Цетински” на Цетиње, за предметите Свето Писмо на Новиот Завет и Христијанска етика, а предава и Апологетика. Од 1998г. ја извршува должноста воспитувач, а од 2001г. станува главен воспитувач во Цетинската Богословија. Со одлука на Светиот Архијерејски Собор на Српската Православна Црква, одржан на 23/10.05.2003 година, по предлог на Митрополитот велески и повардарски и егзарх охридски г. Јован, избран е за негов викарен епископ со титула Велички и местобљустител полошко-кумановски, откако предходно Соборот го стави под забрана на свештенодејствие Митрополитот на таа епархија г. Кирил. Неговата хиротонијата во епископски чин се изврши на 30/17.11.2003г. во соборниот храм „Св. Архангел Михаил” во Белград.